Денес
во Битола има 74550 жители (попис
2002г) а општината 95385 жители.
Битола е втор град по големина
во Република Македонија, на само
15км од Грчко Македонската граница,
на 175км од Скопје и на 180км
од Солун (Грција)
Битола е редок град кој може
да ужива во убавините на архитектурата
на Јени Џамија, Безистен, Амам
дебојот, старата чаршија со кепенци
и др.
Од западната страна на Битола
се наоѓа Баба планина со врвот
Пелистер.
Неговиот основен феномен е петигличестиот
бор Молика кој расте само на
ова подрачје. Вегетацијата на Пелистер има
специфично ботаничко значење,
таму растат 88 видови на дрвени
растенија, 62 вида на животни,
голем број на живописни реки
и 2 езера наречени Пелистерски
очи. Битолчани не можат без Пелистер
и без неговите скијачки терени. |