
Ресторанот во хотелот е со капацитет од 350 лица.
Во ресторанот се служат разни топли и ладни предјадења, јадења и останати специјалитети.
Влијанието на различните култури од минатото на овие простори оставило значаен белег и врз традиционалната кујна. Мешавината на зачини, намирници и вкусови како сплет кај локалните специјалитети, богатството на ориенталните вкусови, вкусовите на медитеранот или интернационалната кујна ја прават кујната на Премиер да биде едноставно чувство на задоволство и уживање.
Потполното задоволство не може да биде комплетно ако не е надополнето со квалитетен избор на домашни вина од селектирани винарски визби.
Ресторанот и двете сали за состаноци се двоива целина која овозможува одржување на деловни средби кои предвидуваат оброци или пак само кафе паузи и закуски.
Ентериерскиот елегантен и топол израз преку хармонијата на боите и формите и високопрофесионалната топла услуга на персоналот го прават секој поминат момент во објектот автентичен и посакуван да се повтори.
Погледнете го нашето мени и винска карта.
Нашиот ресторан Ви нуди можност за организирање на разни свечености: коктели, свадби, крштевки, матури и слично.

|